Торонто репторс ги декласираше Њу Орлеанс пеликанс разлика од 15 поени, 134:119, а уште поубедливи беа Џезерите од Јута против Сакраменто кингс.
Јута славеше со неверојатна разлика од 39 поени, 132:93, а во составот имаше дури шестмина кошаркари со двоцифрен учинок. Ги предводеше центарот Руди Гобер со 18 поени, а веднаш зад него е Алек Буркс со 17.
Со ист учинок од 17 поени кај Сакраменто најефикасен беше Марвин Бегли. Интересно е што домаќините во првиот период едвај ја минаа двоцифрената граница со постигнати 10 поени и примени дури 32 од расположените кошаркари на Јута.
Гостите предводени од Паскал Сиакам и од Малачи Ричардсон, кои постигнаа по 21 поен, забележаа победа и во Њу Орлеанс. Торонто имаше негатива од шест поени по првиот период, но потоа ги доби следните три и победи со разлика од 15 поени.
Кај поразениот тим и на мечот најефикасен беше Ентони Дејвис со 36 поени, комбинирани со 15 скокови. Џулиус Рендл постигна 20 поени.