Торонто ќе ја потврди доминацијата во сезонската серија против Индијана

Торонто репторс – Индијана пејсерс (00ч)

Претходните три дуели на Торонто и Индијана оваа сезона беа едни од повозбудливите воопшто кои се одиграа. Победникот се добиваше дури во финишот од тие средби, а шампионот води со 2-1 иако ја загуби првата пресметка по продолженија. Пред Ол-стар викендот Бруклин ја прекина рекордната серија на Рептилите од 15 триумфи, но сепак се вратија победнички ритам против Феникс.

Домашниот терен на Торонто тешко може да се освои, имаат само седум порази во 29 меча, па затоа Индијана не ќе може да слави и во третиот меч во низа.

Предлог тип: 1-1 (1.95)

 

Никола Јокиќ (Денвер нагетс – Минесота тимбервулвс, 00ч)

Јокиќ блесна во првиот меч по паузата, ги растури Тандерси со 32 поени и уште еднаш го покажа квалитетот како најдобар центар во лигата. Минесота има еднакво квалитетен центар кој може да му парира на Џокерот, меѓутоа Ентони-Таунс ноќеска нема да игра поради повреда, а кај гостите недостасува и Расел, па затоа Денвер треба да ја искористи оваа прилика против осакатените Волци.

За домаќините не би требало да биде проблем ако се знае дека ги добија трите претходни дуели против Минесота кои ги одиграа сезонава.

Предлог тип: Јокиќ >23,5 поени (1.90)

 

Оклахома сити тандер – Сан Антонио спарс (01ч)

Спарси пред десетина дена гостуваа во Оклахома и го добија тој меч, па со уште еден гостински триумф би ја запечатиле серијата против Тандерс бидејќи водат со 2-1 во меѓусебните дуели. Меѓутоа составот на Грег Попович тешко се снаоѓа на гостувања, билансот им е 10-19, додека Оклахома засега успешно го чува домашниот терен.

Сан Антонио во претходните 10 меча само двапати успеа да постигне 120 или повеќе поени, а ноќеска цврста одбрана ќе биде сегмент кој може да им гарантира победа, па затоа овој меч ќе го типуваме минус поени.

Предлог тип: <219,5 поени (1.95)

 

Зајон Вилијамсон (Голден стејт вориорс – Њу Орлеанс пеликанс, 02:30ч)

Првиот пик од последниот драфт си постави високи стандарди откако се врати по повредата. Зајон просечно реализира по 22,4 поени по натпревар, сосема солиден учинок за новак во доминантната НБА лига. Ноќеска неговиот квалитет и потенцијал ќе го почувствуваат и Воините, кои пак со нетрпение чекаат да заврши сезоната.

Голден стејт е во лоша серија од пет порази, додека Њу Орлеанс има форма од 4-1 во последните пет меча, а со уште едно блескаво издание на Зајон ќе може да го подобрат учинокот.

Предлог тип: Вилијамсон >22,5 поени (1.80)

 

Портланд трејлблејзерс – Детроти пистонс (03ч)

Отсуството на Лилард покажа колку важен играч е за Портланд. Блејзерси без него наредија три порази, а на првата ѕвезда нема да сметаат ниту ноќеска во дуелот против Детроит. Ако може да се надеваат на триумф, е поради фактот што на Пистонс нема да им игра клучниот играч Блејк Грифин, па можеби ќе се стави крај на лошите резултати.

Како што изминува сезоната така шансите на Портланд за пласман во разигрувањата се намалуваат. Заостануваат три победи зад осмопласираниот Мемфис, па токму затоа ноќеска е потребен триумф за да ги оживеат шансите за плејофот, инаку оваа сезона ќе ја сметаат за неуспешна.

Предлог тип: 1 хен. -6,5 поени (1.95)

- Оглас -

Најнови вести