Торонто не смее да загуби ако сака големо финале

Торонто репторс – Милвоки бакс (01.00 часот)

Милвоки има само еден пораз на последните десет меча и во Канада доаѓа преполн со самодоверба и оптимизам, особено што како победник си замина од своите последни три посети во салата во Торото. Бакс води со 2-0 во оваа серија, и ако триумфира вечер и поведе со 3-0, ќе дојде на чекор од големото финале. Притисокот е врз домашните кои едноставно мора да победат ако сакаат да ги задржат шансите за освојување на источната титула.

Нема многу показатели кои најавуваат победа на Репторс, но прогнозираме дека домашниот терен ќе им биде ветер во грб, и сепак ќе најдат начин да ги совладаат „елените“.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

Каваи Ленард (Торонто репторс – Милвоки бакс 01.00 часот)

Торонто знае дека не смее да загуби и затоа мора да се бара добар учинок од неговиот најдобар играч, а тоа е крилото Каваи Ленард. Тој на првите два меча даваше по 31 поен, станува збор за искусен играч кој знае да преземе одговорност кога е потребно и затоа мислиме дека може да оди над 32 поени. Каваи ќе си го заврши својот дел од работата, прашање е дали тоа ќе го сторат и неговите соиграчи?

Предлог тип: > 31.5 (1.87)

 

Кајл Лаури (Торонто репторс – Милвоки бакс 01.00 часот)

Лаури е едно од разочарувањата на Торонто во плејофот, и тој е играч кој знае да „исчезне“ кога е најпотребно. Неговата непостојаност се гледа и на првите два меча кога даваше 30 односно 15 поени. Не е лесно да се погоди дали тој „ќе стане на лева или десна нога“. Лаури доста шутира и затоа би требао да постигне 15 или повеќе поени.

Предлог тип: > 14.5 (1.90)

 

Никола Миротиќ (Торонто репторс – Милвоки бакс 01.00 часот)

Црногорскиот Шпанец не игра повеќе од 25 минути, но му одговара улогата на стартер во Милвоки, го користи фактот што одбраната на канадскиот тим е фокусирана на Јанис Адетокумбо. Миротиќ даваше 15 и 13 поени, па треба да се очекува тука некаде да биде неговиот поентерски скор и на третата средба.

Предлог тип: > 10.5 (1.87)

 

Торонто репторс – Милвоки бакс (01.00 часот)

Овој предлог е за оние кои сакаат да играат повеќе на среќа, отколку на знаење и статистика. На првиот и вториот меч од оваа серија паднаа парен број на поени, најпрвин 208, па 228. Тие што веруваат дека традицијата ќе продолжи може да играат на парен број, но нашата интуиција вели дека овојпат сепак нема да биде така и оти на мечот ќе паднат непарен број на поени.

Предлог тип: Непар (1.90)

- Оглас -

Најнови вести