Торпедото на Весино го потопи Наполи, втор пораз сезонава за наполитанците (Видео)

Наполи го претрпе вториот пораз сезонава во италијанската Серија А, овојпат дома од Лацио, а и првиот против Интер на почетокот на 2023 година, беше со истиот резултат 0-1.

Матијас Весино со прекрасен гол ги вивна римските Орли барем привремено на второто место на табелата. Лацио има 17 бодови помалку од Наполи.

Елиф Елмас вечерва влезе во игра четири минути после примениот гол, и на терен мина нешто помалку од половина час, а во 90-та минута доби жолт картон.

Ова е голот на Уругваецот Весино:

https://twitter.com/i/status/1631764492630589441

- Оглас -

Најнови вести