„Торцида“ со фантастична кореографија на дербито со Динамо (Видео)

Хајдук и Динамо на „Пољуд“ го играат дербито од 33-тото коло на ХНЛ, натпревар кој важи за еден од најзначајните во сезоната. Четири кола пред крајот, Ријека и Хајдук се на врвот со по 56 бодови, додека Динамо има 55 и е веднаш зад нив.

Најголемото дерби во хрватскиот фудбал има огромно значење во борбата за шампионската титула. Во трите досегашни сезонски пресметки, Хајдук двапати го победи Динамо, а еднаш ремизираа. Сепак, сплиќани се наоѓаат во незавидна форма со четири натпревари без победа, додека загрепчани имаат три победи и еден пораз во истиот период.

Пред почетокот на натпреварот, навивачката група на Хајдук, Торцида, постави голема кореографија. По првиот дел, нема голови на дербито.

- Оглас -

Најнови вести