Навивачката група на Хајдук од Сплит, “Торцида“, на натпреварот против Славен Белупо на “Пољуд“ истакна парола со поддршка за уапсените навивачи од Загреб, кои се по грчките затвори за инцидентите во понеделникот во Атина и убиството на навивачот на АЕК.
Иако Хајдук и Динамо Загреб се најголеми ривали во Хрватска, а “Торцида“ и “БББ“ ривалски навивачки групи, сепак постои навивачка солидарност, но и национална помеѓу хрватските навивачи.
Потегот на “Торцида“ наиде на свирежи кај дел од гледачите на преполниот “Пољуд“.