Торцида во делириум: Калиниќ синоќа играше против Јуве, па потпиша за Хајдук! (Видео)

За навивачите на Хајдук, новата работна недела почна со пријатно изненадување, нов член на сплитските Били е искусниот напаѓач Никола Калиниќ. Калиниќ вчера против Јувентус го имаше својот последен настап во дресот на Верона (влезе во игра во 71-ва минута), а од денеска се враќа во матичниот клуб за којшто играше од 2005 до 2009 година.

Хајдук полека се враќа таму каде што му е местото во хрватскиот фудбал, а сон на управата и фановите е да го привлечат и Иван Перишиќ, кој исто така е ексхајдуковец.

Погледнете го прекрасното видео со кое Хајдук го објави големото засилување:

https://twitter.com/i/status/1490584261447069698

- Оглас -

Најнови вести