Тоше Зафиров и неговата сопруга Габи имаа одлични пласмани на „IBFF MR WORLD PRO“ во Словенија, повторно беа фантастични промотори на нашата држава и секоја прилика ја користат да позираат обвиткани со македонското знаме, особено кога се на подиумот.
Тоше влезе во финалето на „Про“ и го освои петтото место во силна конкуренција.
Габи направи уште поголем успех, беше трета на светот во категоријата „Фитнес бикини +35“ во конкуренција на 20 девојки, а беше четврта во категоријата Велнес. Таа освои и седми место во категоријата спорт модели, каде во конкуренција беа над 20 натпреварувачки.