Toше и Габриела Зафирови од Брежице се вратија со огромен успех (фото+видео)

Македонските репрезенти во боди билдинг и фитнес во машка и женска категорија, Тоше и Габриела Зафирови, вчера од Брежице, Словенија, се вратија со голем успех од Светското натпреваварување ИБФФ ПРО ВОРЛД. На светскиот собир настапија повеќе од 45 земји од светот со над 500 натпреварувачи меѓу кои беа од Јужна Африка, Израел, Полска, Белорусија, Украина, Индија, Аргентина, кои беа претставени од страна на најголемите професионалци во боди билдинг.

Тоше Зафиров во својата категорија го освои респектабилното шесто место, а со настапот при песната „Игри без граници“ на македонската музичка икона Тоше Проески.

 

Габриела Зафирова во силна конкуренција меѓу 17 натпреварувачки на светско ниво успеа да се закити со еден сребрен и еден бронзен медал. За остварениот успех, Зафирови се заблагодарија на поддршката од целата јавност, како и целиот тим кој застана зад нив и придонесе за успешниот настап во Брежице.

„Постигнат е историски успех како за Македонија, така и за Габриела Зафирова која што во две категории во конкуренција од повеќе од 17 натпреварувачки успеа да се закити со еден сребрен и еден бронзен медал. Овој успех во толку силна конкуренција ни значи многу повеќе од самата победа. Да се натпреваруваш со млади девојки од 20 до 25 години, а си мајка на две деца со државна работа и сепак да успееш на најдобар можен начин да ја претставуваш својата земја. Се надевам дека државата ќе го цени и респектира овој наш успех исто како поддршката што ја добивме од целата мекдонска јавност. Мојот настап на Ворлд ПРО бепе досега во најсилната можна конкуренција со најдобрите светски натреварувачи. Доминираа и победија претставниците од Јужна Африка, кои исто така се шампиони во нивната земја. Беше огромна чест да се застанае рамо до рамо со најдобрите од светот и да се влезе во самото финале, горд сум со шестото освоено место. Организацијата беше на највисоко можно ниво, а покрај самото натпреварување уживавме во престојот во хотелот каде што бевме сместени, кој располагаше со врвен спа центар со природни термални води“, истакна Зафиров.

Неговиот настап со песната на Тоше Проески беше најдобар на целото натпреварување, што му даде дополнителна мотивација на Зафиров да блесне на сцената.

„Ова беше големо искуство и предизвик за нас. Со освоените медали на Габриела се радувам исто како да се мои, бидејќи заедно го делевме целиот труд. Заедно ги споделувавме тешките моменти и се поддржувавме кога ни беше најтешко, се мотивиравме да издржиме. Мојот настап со песната на Тоше Проески беше најдобар на целото натпреварување што ми даде дополнителна мотивација“, заврши Зафиров.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести