Тошевски го погодија, ама со Јапонците оди потешко – Ростов купи засилување и по грешка претстави друг играч (Фото)

Со Давид Тошевски немаа утка и новото засилување на Ростов беше достојно претставено на клупската интернет-страница, но потоа рускиот клуб направи грешка при ангажманот на јапонскиот репрезентативец Кенто Хашимото.

Го купија од Токио и го претставија со фотографија од неговиот соиграч од јапонската репрезентација Јуја Осако, кој е фудбалер на Вердер Бремен.

Сепак, по реакцијата претежно од нивните симпатизери, од Ростов ја сфатија грешката и брзо ја коригираа со нова посвежа фотографија од вистинскиот играч што го ангажираа како засилување за идната сезона.

Хашимото има 26 години и досега беше играч на прволигашот Токио, а со Ростов потпиша четиригодшен договор. Само еден ден пред него, рускиот клуб, кој бие битка за настап во Лигата на шампионите, објави дека го купи младиот македонски репрезентативец Давид Тошевски.

Тошевски има 18 години и е голем талент, а потпиша петгодишен договор со Ростов, што неофицијално ќе му донесе на Работнички отштета од 900 илјади евра.

 

- Оглас -

Најнови вести