4.8 C
Skopje
недела, 23 ноември 2025

Тошевски, Ќамили и Серафимов стрелци за своите екипи во Белгија, Данска и во Бугарија

Давид Тошевски, Лирим Ќамили и Никола Серафимов беа стрелци за своите екипи во Белгија, Данска и во Бугарија.

Македонскиот фудбалски интернационалец, Давид Тошевски, одигра одличен натпревар за Дендер, кој конечно ја забележа првата победа во белгиската елита и славеше со 1-2 на гостувањето кај Антверпен.

Дендер се израдува на првиот триумф, кој беше најавен токму од нашиот Тошевски. Македонецот стрелаше за 0-1 во 51-та минута и го отвори резултатот, а домаќините израмнија со голот на Кујате во 76-та минута.

Конечните 1-2 беа дело на Рагнар Оратманген, кој погоди на две минути до крајот на мечот.

Лирим Ќамили донесе победа (2-1) за Сондерјиске на дуелот против Митјиланд, со гол од пенал, буквално во 100-та минута од мечот. Тој влезе во игра во 64-та минута, а на крајот ја презеде одговорноста и успешно го реализираше ударот од белата точка.

Македонскиот дефанзивец, репрезентативецот Никола Серафимов, беше стрелец во победата на Левски од 1-5 над Монтана на гостински терен.

Ова беше втор погодок на Серафимов за бугарскиот тим за кој потпиша изминатово лето.

- Оглас -

Најнови вести