Тошевски потпиша петгодишен договор со Ростов, има шанси да игра и во Лигата на шампионите

Младиот напаѓач на Работнички, Давид Тошевски потпиша петгодишен договор со рускиот клуб Ростов, а трансферот е милионски и еден од најскапите во последно време кога се работи за македонски фудбалер.

Тошевски има 18 години и игра одлично, со што го привлече вниманието на познати клубови, меѓу нив и француски Лил, но Русите беа поконкрентни и успеаја да го доведат во своите редови.

„Му посакуваме добредојде на Тошевски и се надеваме дека ќе има блескави настапи во жолто-синиот дрес“, објавија од Ростов.

Новата екипа на Тошевски моментно е на четвртото место во најсилното руско првенство со шанси да стаса и до едно од првите 3 места што водат во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести