Некогашниот српски репрезентативец Душко Тошиќ паузата во кинеското првенство ја искористи за да занимава малку со земјоделство во селото Орловат, во кое тој порасна.
Играчот на Гвангжу го јавна тракторот и објави видео во кое покажува каков тракторист е, притоа слуша народни песни, а со него беа и ќерките кои ги има со сопругата Јелена Карлеуша. Пејачката честопати во јавност искажува згрозување од селски работи и рурален начин на пеење, па ако тоа навистина и го мисли, нема да биде задоволна кога ќе види и ќе слушне како Душко ги воспитува децата.