Тостао: Ако ги споите Меси и Кристијано, ќе го добиете играч каков што беше Пеле

Поранешниот бразилски репрезентативец, Тостао, кој во 1970 година беше член на шампионската генерација на Бразил која го освои Мундијалот во Мексико, во интервју за официјалниот сајт на ФИФА, рече дека без никакви дилеми Пеле е најдобриот фудбалер во историјата.

Пеле беше избран за најдобар фудбалер во 20-тиот век, во 21-виот засега доминираат Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

„Мислам дека Пеле беше подобар од сите кои ги споредуваат со него. За мене, нема дилеми, тој беше перфектен. Ги имаше сите квалитети кои треба да го поседува еден напаѓач. Марадона беше импресивен, но физички не беше на нивото на Пеле, и не даде толку многу голови како Пеле. И Меси е феноменален, но тој не знае да игра со глава како Пеле, и не ги користи двете нозе подеднакво добро, а и не се движи толку како Пеле. Кристијано е исклучителен, но нема асистенции колку што делеше Пеле. Би рекол дека ако се спојат квалитетите на Меси и Кристијано, тогаш ќе се добие комплетен играч кој може да се споредува со Пеле“ – вели Тостао.

- Оглас -

Најнови вести