Тотален хаос во Бразил: Халк удри противник со тупаница во глава, по масовната тепачка никој не доби црвен картон (Видео)

Фудбалерите на Крузеиро и Атлетико Минеиро ноќеска го одиграа финалето на шампионатот на бразилската сојузна држава Минеиро, натпревар кој беше обележан со голема тепачка меѓу играчите на теренот.

Крузеиро славеше со минимални 1:0 благодарение на голот на Кајо Жорже, кој во 60-тата минута го постигна решавачкиот погодок по асистенција на Жерсон. Сепак, она за што најмногу се зборува се случи во судиското продолжение.

Тогаш настана целосен хаос на теренот и масовна тепачка меѓу фудбалерите, по дуел меѓу голманот на Атлетико Минеиро и напаѓач на Крузеиро.

Напаѓачот на Крузеиро, Кристијан, падна преку голманот на гостите Евeрсон откако тој прв стигна до топката. Потоа Евeрсон застана врз него и го удри со колена во главата.

Тоа предизвика вистинска гужва пред голот на Атлетико Минеиро, по што играчите започнаа тепачка.

Посебно внимание привлече и срамниот потег на искусниот напаѓач Халк, кој настапува за Минеиро – тој одзади со тупаница во главата го удри Лукас Ромеро.

Она што е најневеројатно во целиот инцидент е фактот дека ниту еден фудбалер во целиот хаос не доби црвен картон.

Сепак, се очекува дисциплинските органи дополнително да изречат голем број казни и суспензии за играчите од двата тима.

Инаку со оваа победа Крузеиро стана шампион на сојузната држава Минеиро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести