Тотална доминација: Кралот на земјата му одржа лекција на првиот светски рекет и се израмни со Федерер (видео)

Рафаел Надал ја одбрани титулата на Ролан Гарос, поточно ја освои по рекорден 13-ти пат во кариерата со доминантната победа над Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6-0, 6-2, 7-5). Надал во својот 102 меч на француското Отворено првенство ја запиша јубилејната 100-та победа, по која стигна до 20-тиот гренслем трофеј и се израмни на врвот на листата со Роџер Федерер.

Надал по седми пат го освои Ролан Гарос без загубен сет во финалето, откако претходно го стори тоа на двапати против Сорелинг, еднаш против Федерер, Вавринка, Тим и Ферер. Инаку по третпат го совлада Ѓоковиќ во мечот за титула, а првиот светски рекет останува на еден трофеј во Париз.

Фуризониот старт на Надал му обезбеди лесно освојување на првиот сет со 6-0 по три брејка и при тоа ја искористи првата сет-топка. Ѓоковиќ едвај освои два гема во вториот сет, не можеше никако да му парира на расположениот Шпанец кој речиси да немаше грешка на средбата.

Во третиот сет Новак даде повеќе отпор, откако со брејк израмни на 3-3, успеа да поведе со 5-4, меѓутоа Надал беше неприкосновен и ги освои наредните три гема и со 7-5 го реши мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести