Тотална лудница во Жирона, во рок од 136 минути, влегоа во прва лига и во фудбал и во кошарка (Видео)

Она што синоќа се случуваше со спортските клубови од градот Жирона, досега не беше видено во историјата на шпанскиот спорт. Тој 19-ти јуни 2022 уште долго ќе се памети во градот со нешто над 100.000 жители.

За нешто повеќе од два часа, во градот се славеа победи кои значеа пласман во прва лига во два различни спортови.

Најпрвин во 20.45 часот, кошаркарите на Жирона предводени од Марк Гасол, го победија Естудијантес и се пласираа во шпанската АЦБ лига.

Само 136 минути подоцна, во 23.01 часот, заврши мечот кој фудбалскиот клуб Жирона го доби на гостувањето кај Тенерифе со 3-1, после продолженија, па радоста во каталонскиот град стана уште поголема.

Славјето беше големо и траеше до раните утрински часови:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести