Тотално промашување: Рекордното засилување на Арсенал го нема во составот, се враќа назад во Франција

Никола Пепе, најскапото засилување во историјата на Арсенал, го нема во составот за натпреварот против Борнмут кој Топчитее го играат во овие моменти од третото коло во Премиер лигата, бидејќи крилниот офанзивец е на прагот да го напушти клубот од Лондон.

Пепе во најскоро време треба да потпише едногодишен договор со Ница каде што ќе игра како позајмен играч во претстојната сезона, по што може да се каже дека вложувањето од 80 милиони евра е тотално промашување на Арсенал.

Во три години откако го напушти Лил и го облече црвениот дрес на Топчиите, Пепе одигра 112 натпревари во кои забележа 27 погодоци и 21 асистенција, учинок што не е доволен според Артета, кој пред извесно време прекина да му дава шанса на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести