26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Тотенхем ќе ужива со Карамелите од Ливерпул

1958 Бешикташ – Башакшехир (Суперлига, Турција, 18 часот)

Одамна е јасно дека актуелниот турски првак Бешикташ не може да ја одбрани титулата, што ќе оди во колекцијата на Трабзонспор, но денеска црно-белите играат исклучително важен меч.

Ако го победат Башакшехир, ќе го прескокнат на табелата и ќе се израмнат со големиот ривал Фенербахче на третата позиција со по 47 бода.

Тоа би им донело и шанса да го нападнат второто место на Коњаспор, што води во квалификациите за Лигата на шампионите.

Но, Башакшехир нема да се предаде и во мокментов му бега на шампионот за два бода, па ако победи, ќе биде осамен на третото место со 49 бода, само три зад Коњаспор.

Ова ветува голема битка и барем по еден гол во мрежите на двата клуба од Истанбул.

Предлог тип: ГГ (1.74)

 

1959 Газијантеп – Хатајспор (Суперлига, Турција, 18 часот)

И двете екипи се во безбедната зона, а се надеваат и на пробив во горниот дом на турскиот фудбал, па и на излез во Европа.

Хатајспор заостанува само за четири бода зад екипите што сега се на местата кои водат во Лигата на Европа, а Газијантеп е на минус 10, но во игра се уште 33 бода, па сè е можно со долга серија на успеси во последната третина од првенството.

Сè уште не се знае дали нашиот младински репрезентативец Лука Станковски ќе биде во составот на Газијантеп, но јасно е дека и домаќините и гостите ќе напаѓаат бидејќи им требаат бодови за исчекор кон позициите за настап во еврокуповите.

Предлог тип: 3+ (1.84) 

 

1091 Нотингам форест – Хадерсфилд (ФА куп, Англија, 20.30 часот)

Ова е последното осминафинале во Националниот куп на Англија, или попознат како ФА куп, а награда за пласман во четвртфиналето ќе биде дуел со гигантот Ливерпул.

Кој и да победи, ќе му прави друштво на Мидлсборо, како две единствени екипи од Чемпионшип лигата во друштво со шест премиерлигаши.

И двете екипи се во одлична форма, со убави серии без пораз, а посебно импресивна е таа на Хадерсфилд дури од 18 натпревари без неуспех.

Со ваква серија и без пораз од ноември лани, популарните Териери стигнаа до второто место во Чемпионшип лигата, кое води во Премиер лигата.

Нотингам форест е непоразен на шест натпревари по ред, па и пораншните двојни европски прваци сакаат да играат во Премиер лигата идната сезона.

Овој меч, без разлика на амбициите во Чемпионшип, им е многу важен бидејќи ФА купот има големо реноме во Англија.

И двете екипи се напаѓачки моќни, па очекуваме да се тресат мрежите и на домаќинот и на гостинската екипа.

Предлог тип: ГГ (1.83)

 

1609 Тотенхем – Евертон (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Тотенхем сè уште има реални шанси да се пробие меѓу најдобрата четворка во Англија и да игра во Лигата на шампионите следната сезона.

Популарните Спарс се на седмото место со 42 бода, но имаат одиграно помалку натпревари од дел од конкурентите за четвртата позиција.

Евертон сосема спротивно се бори за гол живот и да избегне испаѓање. Карамелите се на првата позиција над опасната зона, но не се безбедни бидејќи имаат само пет бода повеќе од фенерџијата Норвич, три од Ватфорд и само еден од Барнли.

Тотенхем има поквалитетен тим и типуваме дека ќе победи во исклучително важен меч за двете екипи.

Предлог тип: 1 (1.71) Супер тип на Sport Life

 

1360 Атлетик Билбао – Леванте (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Барди ќе се врати на местото каде што во 2018 година ги даде двата незаборавни гола за Леванте против Атлетик на „Сан Мамеш“ во победата од 3:1, кога го бомбардираше Кепа Аризабалага.

Енис има постигнато вкупно 3 гола против Атлетик, што е одличен учинок за играч во средниот ред, а ако сега пак биде прецизен, тоа може да биде и голем поттик во битката за опстанок.

Леванте не смее да загуби на еден од најжешките терени во Шпанија, па и во Европа. Навивачите на Атлетик знаат да направат пеколна атмосфера на „Сан Мамеш“, а и сега ќе им бидат потребни на милениците за да се фати последниот воз за Европа.

На двете екипи им одговара само победа и мора да тргнат во напад, па може да се одигра на голови.

Предлог тип: 3+ (1.92)

 

- Оглас -

Најнови вести