Сан Сиро ќе грмне, Милан ќе ја победи Фиорентина

3009 Милан – Фиорентина (Италија, Серија А, 15 часот)

Милан стаса до пол-позицијата и тешко дека ќе пропушти ваква шанса да го прекине постот од 10 сезони и да го освои Скудетото.

„Сан Сиро“ е распродаден и Росонерите ќе имаат огромна поддршка и 12-ти играч што ќе помага од трибините.

Фиорентина се уште има шанси да атакува за настап во европските купови, но се чини дека двата неочекувани порази од Салернитана и Удинезе ќе бидат клучни на крајот мисијата да биде неуспешна.

Ваквите натпревари кога се игра под имератив се многу тешки, но Милан има добра екипа и искусни играчи и ќе успее да го прегрми дербито на 35. коло во Калчото.

Предлог тип: 1 (1.67)

 

1009 Тотенхем – Лестер (Англија, Премиерлига, 15 часот)

Се уште се памети драмата на „Кинг Пауер“ во Лестер од 19 јануари годинава кога по многу возбудувања и пресврти Тотенхем победи со 3:2 со головите на Бергвајн во 95. и 97. минута.

И претходниот меч беше исклучително интересен и тогаш победи Тотенхем како гостин со 4:2 и повторно имаше пресврти и гол во судиското продолжение.

Спарс сега пак се фаворити за трета победа по ред против Лестер, а гостите некако повеќе ќе мислат на Рим, отколку на Лондон.

Лестер има за играње реванш полуфинале на 5. мај на „Олимпико“ против Рома во Конференциската лига, што може да му ја олесни работата на Тотенхем.

Домаќините се во игра за пласман на првите четири позиции што водат во Лигата на шампионите, но не смеат да си дозволат кикс до крајот на првенство, бидејќи Арсенал е пред нив со два бода предност, а Челзи како третопласиран и водечкиот тандем Манчестер сити и Ливерпул се веќе недостижни.

На Тотенхем очајно му треба победа и мора да напаѓа, а Лестер е без императив и може да постигне гол(ови), па типуваме ГГ&3+.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.03)

 

1010 Вест хем – Арсенал (Англија, Премиерлига, 17.30 часот)

Арсенал ја брани четвртата позиција на табелата, последна што води во Лигата на шампионите и веројатно и нема подобро време за да му гостува на градскиот ривал.

Вест хем загуби од Ајнтрахт во првиот полуфинален меч во Европа Лигата со 1:2 и го чека реванш во Франкфурт на петти мај.

Тоа е многу важен меч за Чеканите, бидејќи влогот е огромен и може да им донесе меч за пехар и за настап во Лигата на шампионите, бидејќи екипата што ќе победи во Европа Лигата идната сезона ќе игра во ЛШ.

Можно е тренерот Дејвид Мојс да одмори дел од играчите и Арсенал е во добра позиција да ги освои бодовите на градското дерби.

Предлог тип: 2 (1.74)

 

1308 Рајо Валјекано – Реал Сосиедад (Шпанија, Ла Лига, 18.30 часот)

Со две победи против екипите од Барселона, Рајо Валјекано стаса на прагот на опстанок во Ла Лига, па може да игра без преголем императив против уште еден фаворит.

Еспањол и Барселона се победени на гости со по 1:0, па сега соиграчите на Столе Димитриевски ќе играат порелаксирано.

Реал Сосиедад се уште е во игра за место што води во Лигата на шампионите, особено по поразот на Атлетико Мадрид, вчера од Атлетик Билбао.

Ако победи тимот од Сан Себастијан ќе ја намали разликата на само три бода на четири кола до крајот на Ла Лига.

Гостите мора да напаѓаат, Рајо игра убаво кога не е под притисок, што ветува меч со голови на „Валјекас“ во Мадрид.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.22)

 

1710 Марсеј – Лион (Франција, Лига 1, 20.45 часот)

Марсеј има незгоден распоред до крајот на шампионатот, но и одлична позиција во битката за второто место што води во Лигата на шампионите.

Моментно се на таа позиција со 3 бода повеќе од Рен, но и со меч помалку, па ако го победат Лион ќе имаат големи плус шест.

До крајот на Лига 1 Марсеј ќе игра и со Рен и со Стразбур, екипи што му се конкуренти за второто место, па денеска не смеат да си дозволат кикс.

Лион го брка последниот воз за Европа и гостите немаат што да загубат на „Велодром“. Двете екипи имаат страшен офанзивен потенцијал и дури четири играчи заедно што веќе имаат постигнато двоцифрен број на голови.

Дембеле постигна 16 гола за Лион, Тото Екамби е на котата 11, а Роман Февр запиша 10 погодоци.

Димитри Паје со 12 гола е топ-стрелец на Марсеј, а блиску до двоцифрен учинок е и Ундер со 9 погодоци.

Ако се додадат и имињата на Пакета, Милик, Кадевере… јасно е дека има добра причина да се комбинира конечен исход 1Х со голови.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.40)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести