Маркус Едвардс има камбек на стадионот на Тотенхем од соништата и вечерва 23-годишниот англиски интернационалец на Спортинг Лисабон постигна гол против клубот во кој мина неверојатни 14 години.
Како дете на 10-годишна возраст Едвардс дојде во Академијата на Тотенхем во 2006 година и таму беше цели 10 години, до 2015 година.
Потоа уште четири години беше член на сениорскиот тим, но без ниту еден настап.
Спарс го пуштија да си замине по две позајмици и не му го искористија талентот, а тој вечерва им врати со водечки гол за Спортинг против нив во Лигата на шампионите.
https://twitter.com/PremierLeagueSZ/status/1585352038648807424?s=20&t=EGHT1U-sBugzQuGGt4ZwQA
Спортинг со голот на Едвардс од 22-рата минута сè уште води во Лондон по помалку од 70 минути игра.