Тотенхем нема милост: лесно го доби лондонскиот дуел и сега е лидер во Премиер лигата

Екипата на Тотенхем продолжува со одличните игри во Премиер лигата и вечерва без многу мака, со 2:0 го победи Фулам, во меч од деветото коло на англискиот шампионат.

Доминираа фудбалерите на Тотенхем на теренот, а тоа беше наградено со гол во 36 минута кога погоди Сон. Да нема голема неизвесност во второто полувреме се погрижи Мадисон кој зголеми на 2:0 во 54 минута, а потоа Тотенхем рутински ја задржа предноста.

Со оваа победа, Тотенхем сега стигна до 23 бодови од девет кола и е најдобар, пред Манчестер сити и Арсенал кои имаат по 21 бодови, Ливерпул со 20 и Астон вила со 19 бодови. Фулам по овој пораз остана на 11 бодови од девет натпревари и е на 13 место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести