Тотенхем автоматски го продолжи договорот на Сон за уште една година

Раководството на Тотенхем ја искористи клаузулата во договорот на Хјонг-Мин Сон и ја продолжи соработката со него за уште една година. Така, Кореецот ќе остане во лондонскиот клуб до летото 2026 година.

32-годишниот Сон дојде во англиската престолнина од Баер Леверкузен во 2015 година и стана еден од лидерите на Тотенхем. Досега, тој има одиграно 431 натпревар и постигнато 169 голови за лондонскиот тим.

Тотенхем го објави новиот договор на Сон еден ден пред натпреварот со Ливерпул во Карабао Купот.

- Оглас -

Најнови вести