23.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Тотенхем без капитенот Кејн до крај на сезоната

Тотенхем до крајот на сезоната ќе мора да се справува без најдобриот играч и капитен Хари Кејн. Деталните прегледи ги донесоа најлошите можни вести за менаџерот Маурисио Покетино, не ќе може да смета на неговата „10-ка“ откако повредата на глуждот се покажа како сериозна, како што беше најавено и во првите прогнози по мечот против Манчестер сити во Лигата на шампионите.

Оштетени се лигаментите на глуждот од левата нога, што значи дека Кејн ќе отсутвува од теренитe подолг период. Тој дефинитивно нема да игра во реваншот во Манчестер, како и во последните шест кола од англискиот шампионат.

Исто така, во пресметката со Манчестер сити со повреда се збоди и Деле Али. Играчот за врска има скршеница на левата рака, но би требало да се врати во составот за повратниот дуел во ЛШ, а ќе го пропушти само саботниот меч против Хадерсфилд.

- Оглас -

Најнови вести