Маурисио Покетино ќе мора да скрои нов план во пресрет на градското дерби против Арсенал, во кој ќе го нема Танги Ндобмеле. Рекордното засилување на Тотенхем се повреди минатата недела и го пропушти дуелот против Њукасл, па иако се надеваше дека ќе ги надмине болките во бутниот мускул, Французинот нема да игра за Петлите ниту овој викенд.
Повредата го оддалечи Ндомбеле и од репрезентативните обврски на Франција кои се закажани за почетокот од септември месец, а на негово место е повикан неговиот клупски колега Муса Сисоко. Се очекува играчот за врска да се врати во конкуренција за настап по репрезентативната пауза.
Ндомбеле по преселбата од Лион запиша еден настап за Петлите, во првото коло против Астон вила кога го постигна дебитанскиот гол во победата од 3-1.