26.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Тотенхем е „кец како планина“, има сигурица и во Франција

1092 Тотенхем – Брентфорд (20:45 ч.)

Тотенхем е на чекор од финале во Лига купот на Англија и не смее да ја пропушти оваа можност. Лондонскиот тим против себе го има второлигашот Брентфорд, па сè освен победа на домаќините ќе биде вистинска сензација.

Тотенхем со години нема освоено никаков трофеј во своите витрини, па секако за нив овој меч е повеќе од значаен, а шансата да се избори место во финалето против тим од послаб ранг нема да ја пропуштат играчите на Жозе Мурињо.

Сепак, Брентфорд не треба предвреме да се отпише. Тоа е одлична екипа која има низа од 16 меча без ниту еден пораз (девет победи и седум нерешени). Брентфорд сезонава се бори и за влез во Премиер лигата, па ќе биде интересно да се види до каде е силата на овој второлигаш.

Предлог тип: 1&2-5 (2.00) – квота на денот во Sport Life

 

1351 Линарес Депортиво – Севилја (19 ч.)

Ова треба да биде игра на „мачка и глушец“. Се работи за меч од 1/32-финалето на шпанскиот куп, каде што екипите од ниските лиги имаат чест да заиграат со тимови како Севилја. Пред три години овие два тима одиграа контролна средба и Севилја славеше со убедливи 6:0.

Во Sport Life одлична е понудата во квота на денот за гостите сега да дадат барем три гола.

Предлог тип: Т2 3+ (2.05) – квота на денот во Sport Life

 

1037 Мансфилд – Салфорд (20 ч.)

Секојпат е интересно да се типуваат мечевите од пониските англиски лиги, а овој дуел од четвртата лига може да биде неизвесен. Мансфилд е „доктор“ за нерешени и има дури 11 ремија сезонава, повеќе од кој било друг клуб во лигата. Салфорд е тим кој цели кон горниот дел од табелата, а сезонава на гостински терен нема ниедно нерешено.

Салфорд ја има најдобрата одбрана во лигата, но Мансфилд е тим кој игра офанзивно и сигурно нема да дозволи лесно да ги загуби бодовите на свој терен.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.16)

 

1719 Тулуз – Париз (20 ч.)

Цело коло од втората француска лига се игра денеска, а дербито е во Тулуз. Двете екипи се во трка за врвот на табелата и имаат амбиции да се пласираат во елитното натпреварување. Тулуз веќе два месеци е без пораз.

Нешто што не е карактеристично за второлигашки француски фудбал, двата тима играат отворено, па Тулуз дава по два гола на меч во просек сезонава, а и Париз има солиден напад. Осум од последните 10 меча на Тулуз завршувале 3+, па храбро ќе играме на погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.21)

 

1713 Троја – Шатору (20 ч.)

Ова треба да биде и најсигурниот „кец“ вечерва во Франција. Домаќините играат одлично и се на делба на првото место, а Шатору е закован на дното на табелата. Троја на свој терен сезонава во осум меча има шест победи и две нерешени, па секако денешниот ривал не треба да им зададе многу мака.

И традицијата е на страна на Троја, која победува во последните шест меча против овој ривал, а Шатору во тие шест средби, дури на пет нема дадено ниту еден гол.

Предлог тип: 1 (1.45)

 

- Оглас -

Најнови вести