Тотенхем е пред ангажман на најсилниот фудбалер во Премиер лигата

Антонио Конте ќе го добие првото засилување во овој трансфер преоден рок, а станува збор за Адама Траоре од Вулверхемптон.

Тотенхем веќе на големо преговара со „волците“ да го донесе најсилниот фудблер од Премиер Лигата во своите редови.

На Островото се шпекулира сума од 25 милиони евра за овој фудбалер, но ќе следуваат и голем број на бонуси.

Навистина чуди оваа одлука на раководството на Тотенхем бидејќи Траоре кој има 25 години и игра на крилната позиција има само постигнато осум погодоци на 122 официјални натпревари за Вулверхемптон.

 

- Оглас -

Најнови вести