Тотенхем ги слави Ериксен и тинејџерот Скип

Данецот Кристијан Ериксен даде гол во 91 минута за минимална победа на Тотенхем од 1:0 против Барнли во меч на кој домашните имаа 71 отсто посед на топка, но час и половина се мачеа, пред во судиското продолжение конечно да постигнат гол вреден три бода.

После успехот во Лигата на шампионите, на Тотенхем му беше тешко да се мотивира, но на крај успеаја да го најдат патот до победата. Овој триумф значи задржување на третата позиција.

Кај Тотенхем во почетниот состав беше Оливер Скип, кој со 18 години и 36 дена, е четвртиот најмлад стартер во историјата на клубот. Скип играше до 75 минута, а кога излезе од игра, доби аплаузи од публиката.

Домингос Кина со 19 години и 27 дена е најмладиот стрелец на гол во историјата на Вотфорд. На мечот на Вотфорд и Кардиф, паднаа три гола со шутеви од надвор од 16-никот, и тоа е прв таков меч во Премиерлигата од април наваму.

Резултати: Манчестер сити – Евертон 3:1, Кристал Палас – Лестер 1:0, Хадерсфилд – Њукасл 0:1, Тотенхем – Барнли 1:0, Вотфорд – Кардиф 3:2, Вулверхемптон – Борнмут 2:0.

- Оглас -

Најнови вести