Ведат Муричи е новото можно засилување за Тотенхем во јануарскиот преоден рок, по одличните настапи во последните неколку сезони во Турција и особено по добрите игри за репрезентацијата на Косово.
Напаѓачот на Фенербахче и на косовската репрезентација веќе подолго време е следен од скаутинг службата на Тотенхем, а посебно силен впечаток оставил на дуелот од квалификациите меѓу Англија и Косово на „Сент Мери“ во Саутхемптон, што во својот извештај го навел Стив Хичен.
Скаутот на лондонскиот премиерлигаш му реферирал на Покетино дека се работи за одличен напаѓач, кој би бил идеална замена за Хари Кејн.
Сезоната е долга, а Тотенхем нема пристојна резерва или играч што може да го замени англискиот репрезентативец по заминувањето на Љоренте. Муричи, според скаутинг службата на Тотенхем, би бил одличен бекап за Кејн, а проблем е договорот што го има со Фенербахче, а важи до 2023 година.
Тоа значи дека првиот човек на клубот Даниел Леви ќе треба добро да го одврзе ќесето ако сака да го ангажира 25-годишниот репрезентативец на Косово и играч на Фенербахче.