Тотенхем го искористи киксот на Црвените, се радуваат и сините страни на Лондон и Ливерпул (Видео)

Тотенхем се зацврсти на четвртото место на премиерлигашката табела откако со 3-1 го победи Нотингем Форест, и сега има шест бида плус во однос на Ливерпул.

Хари Кејн по шести пат во кариерата ред дава барем 20 голови во една сезона (пред него тоа им успеало само уште на Алан Ширер и Серхио Агуеро), а неговиот соиграч Хеунг мин Сон, дојде до бројка од 99 голови во Премиер лигата.

И Челзи кој конечно врза две лигашки победи по ред, славеше со 3-1, на гостувањето кај Лестер, а освен Сините од Лондон, попладнево се радуваа и фановите на тимот од Ливерпул кој носи сини дресови, Евертон, за триумфот од 1-0 над Брентфорд, кој многу им помага во битката за опстанок.

Ова е 99-тиот гол на Сон во англиското првенство:

- Оглас -

Најнови вести