Мохамед Кудус е подготвен да го напушти Вест хем и да се пресели во Тотенхем, а олеснителна околност во преговорите е тоа што има краткорочна откупна клаузула што важи до 10 јули.
Играчот има дозвола да замине во периодот од 1 до 10 јули, кога може да биде активирана клаузулата во износ од 85 милиони фунти, односно околу 95 милиони евра.
Тотенхем нема многу опции за ново име во нападот, не може да го доведе Еберечи Езе од Кристал Палас, а Брајан Мбеумо му дал збор на Рубен Аморим дека ќе прејде во Манчестер Јунајтед.
Затоа, Кудус стана приоритетна цел, и Тотенхем е подготвен да тргне по него, доколку тој се согласи на условите. Во таков случај Вест хем нема да може да го спречи трансферот.
Но, и Вест хем нема да остане со празни раце, ќе добие повеќе од двојно од тоа што го плати, бидејќи Кудус го доведе за 40 милиони фунти во летото 2023 година.
Кудус одигра 80 натпревари за Вест хем, постигна 19 голови и запиша 13 асистенции, докажувајќи дека може да игра на повеќе позиции во нападот, што го прави вредно засилување за Тотенхем.