8.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

Тотенхем го контактирал Чоло Симеоне, а тој вели: „Налето ќе ги разгледувам понудите“

Диего Симеоне седна на клупата на Атлетико Мадрид во 2011 година, долги години одолеваше на понудите кои ги добиваше, но сега во трката по неговиот потпис влезе Тотенхем, кој во средата го отпушти Томас Франк.

Јорганџиите веќе го контактирале Аргентинецот, а одговорот бил дека налето ќе ги разгледуваат понудите кои ќе ги добие. Со тоа Чоло Симеоне ја остава подотворена вратата за негово заминување од Атлетико Мадрид по цели 15 години.

 

- Оглас -

Најнови вести