Тотенхем го победи Арсенал и трката за ЛШ станува пеколна

Тотенхем беше убедлив во големото лондонско дерби и со 3:0 го победи Арсенал во заостанат меч од 22-рото коло. Со овие три бода, Тотенхем се доближи само на еден бод до Арсенал, кој е на четвртото место, последно што води во Лигата на шампионите. Последните две кола ќе се води пеколна борба меѓу лутите ривали за тоа кој ќе игра во ЛШ, а кој во Лигата на Европа.

Хари Кејн од пенал во 22-рата минута го најави триумфот на домаќините, а истиот играч зголеми на 2:0 со погодок во 37-мата минута. Од 33-тата минута, Арсенал остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Холдинг, па Топчиите едноставно беа немоќни да дадат отпор.

На почетокот на второто полувреме, Сон погоди за 3:0 и стави крај на сите дилеми околу тоа кој ќе се радува на победата.

 

- Оглас -

Најнови вести