Тотенхем го претстави новиот тренер, кој доаѓа од тимот на Пчелите каде што работеше седум сезони

Како што се очекуваше, Тотенхем го назначи Томас Френк за нов тренер. Данецот потпиша договор до летото 2028 година, разделувајќи се со Брентфорд по седум импресивни сезони на чело на Пчелите.

Френк доаѓа на местото на Ангелос Постекоглу, кој беше отпуштен пред една недела, а се верува дека Тотенхем му платил околу 10 милиони фунти отштета на неговиот веќе ексстратег.

„Томас е еден од најпрогресивните и најиновативните тренери. Тој докажа дека е човек способен да развива играчи и тимови и со нетрпение очекуваме да работиме со тимот во подготовките за новата сезона“, се вели во официјалното соопштение на Тотенхем.

На Френк на „Вајт харт лејн“ од Брентфорд му се придружуваат Џастин Кокран и Крис Хаслам како помошни тренери, како и аналитичарот Џо Њутн. Андреас Георгсон се приклучува на својот тим од Манчестер јунајтед.

Тотенхем загуби неверојатни 22 натпревари во Премиер лигата минатата сезона и заврши на 17-тото место, но сепак ја освои Лигата на Европа и се квалификува за Лигата на шампионите. Со Френк на чело, Брентфорд ги освои 13-тото, 9-тото, 16-тото и 10-тото место во англиската Премиер лига.

- Оглас -

Најнови вести