Премиерлигашот Тотенхем одлучи да се ребрендира и го промени своето лого со популарниот петел. Од лого е отстрането името на клубот, па сега останува само силуетата на петел и фудбалската топка.
Како што се вели во соопштението на клубот, логото е модернизирано, а петелот сега изгледа погордо од кога било. Тотенхем е само еден од клубовите кои овој период се одлучија за ребрендирање и минималистички корекции на клупското лого.