Тотенхем го пронајде наследникот на Постекоглу?

Тотенхем ја заврши една од најлошите сезони во својата историја во Премиер лигата, пласирајќи се на 17-тото место, веднаш над зоната за испаѓање. Сепак, сезоната беше спасена благодарение на освоениот трофеј во Лига Европа, што на клубот му обезбеди и учество во Лигата на шампионите.

И покрај европскиот успех, менаџерот Анге Постекоглу нема да ја продолжи соработката со клубот. Според информации од португалските медиуми, негов наследник многу веројатно ќе биде Марко Силва, актуелниот менаџер на Фулам.

Договорот меѓу Тотенхем и Силва е блиску до финализација, и Португалецот се очекува да стане нов менаџер на овој тим.
Марко Силва има договор со Фулам до јуни 2026 година, но понудата од Тотенхем очигледно е доволно убедлива за да направи пресврт и тој да се раздели со Фулам.

Марко Силва има значително искуство во англискиот фудбал, досега ги има водено Хал сити, Вотфорд, Евертон и Фулам, па Тотенхем би бил негов петти клуб на Островот.

Оваа промена доаѓа како изненадување за многумина, особено по европскиот успех на Постекоглу, но очигледно клубот сака нова насока и освежување пред стартот на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести