Екипата тотенхем славеше сензационална победа над Манчестер сити со 3:2 во дербито од 26-то коло од англиската Премиер лига.
Голот за победа беше дело на Хари Кејн во 94-та минута, гостите славеа со 3:2 со што му овозможија на Ливерпул уште поблиску да дојде во борбата за титулата.
Иако до последните мигови во регуларниот тек од средбата гостите имаа предност, сепак Ријад Марез реализираше со удар од бнелата точка кој беше оправдано досуден по играње со рака на еден од дефанзивците на Тотенхем.
Гостите поведоа со голот на Дејан Кулушевски во четврттата минута, а израмнувањето беше дело на Илкај Гундоган во 33-та. Нова радост за гостите донесе Кејн во 59-та минута, а како што пишавме погоре, Марез израмни на 2:20.
Кога се мислеше дека тука ќе биде крајот, Кејн повторно стапи на сцена и донесе големи три бода. Сега, Манчестер сити има 63 со што останува на првото место, Ливерпул е втор со 57 но и натпревар помалку.
Тотенхем, пак, со оваа победа стигна до бројката од 39 бода и е на седмото место, но се доближи во борбата за влез во Лигата на шампионите.