27.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Тотенхем го заборави болниот пораз од ПСЖ и буквално го „растури“ Барнли (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем се чини дека брзо го заборавија болниот пораз од ПСЖ во Супер купот на УЕФА на пенали, па со убедлива победа стартуваа во новата сезона на Премиер лигата.

Екипата на Барнли си заминува од Северен Лондон со убедлив пораз од 3-0, а најзаслужен за тоа беше Ричарлисон кој погоди двапати, во 10-тата и во 60-тата минута.

Третиот гол за Тотенхем беше дело на Бренан Џонсон во 66-тата минута.

На останатите два натпревари од Премиер лигата, фудбалерите на Сандерленд победија со убедливи 3-0 против Вест хем, додека Брајтон во 97-мата минута остана без победата против Фулам и одигра само 1-1.

- Оглас -

Најнови вести