Тотенхем готви специјалитет за крај, но и Реал има едно изненадување

Како што се наближува крајот на летниот преоден рок во Премиер лигата, така сè повеќе се појавуваат шпекулации околу можни трансфери кои може многу да променат во пресрет на новата сезона. Тотенхем е тимот кој реши да го одврзе ќесето за крај и да биде многу поквалитетен со две екстра-засилувања.

Претходно се појавија информации дека би можеле да го ангажираат Кутињо на позајмица од Барселона, а како шлаг на тортата Покетино може да ја добие „десетката“ на Јувентус. Наводно Петлите испратиле понуда од 70 милиони евра за Пауло Дибала, која Јувентус ја прифатила и сега се чека одговор на фудбалерот. Аргентинецот веќе одби преселба на Островот откако им кажа „не“ на Црвените ѓаволи, но Тотенхем притиска за неговиот потпис и до последен момент ќе се чека конечната одлука.

Кутињо и Дибала во пакет би го направиле Тотенхем многу поконкурентен и може да се наметне како кандидат за шампионската титула во Премиер лигата.

Второто изненадување доаѓа од шпанската престолнина, од каде се појавија информации дека Реал Мадрид го посакува везниот играч на Ливерпул Фабињо. Шпанските медиуми тврдат дека е испратена понуда од 64 милиони евра, додека некогашниот играч на Реал по своето враќање на „Сантијаго Бернабеу“ би заработувал околу 7,5 милиони евра по сезона.

Досега нема реакција од таборот на Црвените, а сè ќе биде јасно по утрешниот дел, бидејќи за да се оствари трансферот Клоп прво треба да најде замена за Бразилецот.

Уште една трансфер шпекулација која го порврзува Јувентус се однесува на нивниот дефанзивец Даниеле Ругани. Италијанските медиуми тврдат дека двата клуба треба да се договорат дали позајмицата ќе биде една или две години, а потоа Топчитее да исплатат околу 35 милиони фунти.

Италијанскиот стопер потоа би требало да потпише петггодишен договор со кој ќе заработува 3,5 милиони фунти

Преодниот рок во Премиер лигата ќе ги спушти завесите на 8 август, а по обичај  на „дедлајн деј“ секогаш е возбудливо.

 

 

- Оглас -

Најнови вести