Во првиот натпревар во Новата година во Премиер лигата, фудбалерите на Тотенхем и Астон Вила, играат без голови по првото полувреме.
Фудбалерите на двете екипи се чини дека се уште слават Нова година бидејќи само два шута завршија во рамките на голот на еден од двајцата голманите.
Домашните фудбалери имаа подголем посед на топката, но не успеаја сериозно да се заканат кон голот на Олсен, и упатија само два шута кои голманот на гостите успеа да ги одбрани.
Најголемата шанса, Тотенхем ја имаше во 40-та минута кога Хари Кејн шутираше со глава, но топката која одеше во рамките на голот, ја блокираше еден од дефанзивците на Астон Вила.