1002 Тотенхем – Саутхемптон (19.00 часот)
Кога играат еден од најефикасните тимови во лигата и една од најслабите одбрани, реално е да се типува на победа на домашните во меч со барем три погодоци. Тотенхем се раздели со Мурињо, па со привремениот тренер мора да победат ако сакаат да останат во трка за местата кои водат во Европа. Минус за домашните е што можеби ќе треба да се чуваат за финалето во Лига купот кое им следува викендов и што нема да настапи Хари Кејн. Саутхемптон два месеци нема играно нерешено, а од 2014 секогаш дава гол на гости кај Петлите, но само еднаш избегна пораз.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.75)
1003 Астон вила – Манчестер сити (21.15 часот)
Ова е дуел на два тима кои загубија во минатото коло. Сити е убедливо прв, а со победа ќе направи чекор кон враќање на титулата. Вила е во златната средина и нема премногу мотиви, освен тоа што ќе сака да го победи новиот првак. Двата тима имаат повредени важни играчи, кај домашните ги нема Грилиш и Трезеге, а кај Сити отсутни се Де Бројне и Агуеро. Граѓаните од ноември наваму не примиле повеќе од еден гол на гости. Астон вила уште од септември 2013 не славела против Сити.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.69)
3002 Милан – Сасуоло (18.30 часот)
Милан има цел да продолжи да прави притисок врз Интер и да се задржи на второто место. Росонерите не се отпишани од трка за титулата и ќе тргнат кон победа, но Сасуоло е незгоден тим кој победи во претходните две кола. И Милан и Сасуоло се тимови кои често и даваат и примаат гол. Сасуоло е фајтерски тим кој ретко игра нерешено на гости. Последните три меѓусебни дуели на овие тимови на „Сан Сиро“ завршуваа со 0-2 гола.
Предлог тип: 1 (1.68)
1805 Борусија Дортмунд – Унион Берлин (20.30 часот)
Борусија е на четири бода од четвртиот Ајнтрахт и брка пласман во ЛШ, додека Унион Берлин е на четири бода од шестиот Баер Леверкузен. Унион Берлин е рекордер по ремија со 13 нерешени игри сезонава, а Дортмунд има најмалку нерешени резултати, само четири. Зимоска Борусија загуби во Берлин, но во минатата сезона дома го разби Унион Берлин со 5-0. Домашниот терен традиционално е голема предност кога играат овие два тима.
Предлог тип: 1 (1.57)
1301 Леванте – Севилја (19.00 часот)
Леванте е во криза, има три порази на последните четири настапи и тешко дава голови. Од друга страна, Севилја е во налет, има три победи по ред и уште е во трка дури и за титулата. Последните пет пресметки на овие тимови во Валенсија биле со голови на двете страни. Со оглед на состојбата на табелата, гостите се фаворити на хартија, но Леванте е непредвидлив тим кој ако се разигра, може секого да загрози, Атлетико најдобро го знае тоа.
Предлог тип: ГГ (1.72)