Тотенхем со голема мака успеа да го победи Ковентри со 1-2 и се избори за пласман во осминафиналето во Карабао купот, каде што место си осигура и Брајтон, кој со 3-2 го совлада Вулверхемптон.
Томас-Асанте во 63-тата минута го шокира Тотенхем и погоди за 1-0, но тимот на Постекоглу одговори во финишот со головите на Спенс и на Џонсон.
Брајтон преку Балеба и Адингра поведе со 2-0, по што Гведеш намали до крајот на првото полувреме. Кадиоглу во 85-тата минута постигна трет гол за домаќинот, а Дојл го постави конечниот резултат.