Првото полувреме од средбата помеѓу Тотенхем и Челзи имаше судиско продолжение од 12 минути и потврди каков хаос се случува на теренот за време на дербито.
Според податоците од Англија, најголемо судиско продолжение на прво полувреме е 19 минути на мечот Брентфорд – Вулверхемптон затоа што тогаш над теренот пролета дрон и судијата го прекина мечот, а играчите заминаа во соблекувалната.
Вечерва немаше дрон, но за едно полувреме имаше четири поништени гола, шест ВАР-проверки на спорни ситуации, пет жолти и еден црвен картон, а резултатот е 1-1.
Освен тоа, како капак Тотенхем остана без тројца играчи, од коишто двајца се повредија и беа сменети, а еден беше исклучен.