Миле Свилар во моментов, без никаква дилема, е еден од најдобрите голмани во Европа. Дваесет и шестгодишниот чувар на мрежата брани навистина фантастично во редовите на Рома и привлече огромно внимание кон себе.
Неколку англиски клубови сериозно размислуваат за ангажман на српскиот голман. Меѓу нив се Тотенхем, Челзи и Борнмут, а се подготвува неверојатна понуда.
Англичаните се познати по плаќање прилично нереални суми за трансфери, па за Свилар се подготвени да издвојат неверојатни 70 милиони евра.
Рома дефинитивно е подготвена да прифати ваков износ. И самиот Свилар сигурно ќе добие огромна понуда, а останува да се види каде на крајот би можело да заврши.
Тотенхем изгледа како најконкретна опција. Гиљелмо Викарио би можел во текот на летото да се врати во Италија, а неговото место би требало да го заземе токму Миле Свилар.

