15.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Тотенхем и Манчестер јунајтед приредија неверојатен спектакл (Видео)

Тотенхем и Манчестер јунајтед попладнево одиграа 2-2 во веројатно најинтересниот премиерлигашки меч сезонава.

Јунајтед водеше 1-0 до 84-та минута и не беше загрозен, а одеднаш Петлите за седум минути направија пресврт за огромна радост, но во 96-та минута Де Лихт изедначи во моменти кога Манчестер имаше човек помалку на теренот, по повредата на Шешко откако веќе имаа направено пет замени.

Така двата тима пропуштија шанса со победа да се искачат на второ место, а Јунајтед прекина црна серија од четири порази по ред против лондонскиот ривал од кој пред 171 ден го загуби и финалето на Лига Европа. Манчестер беше на прагот да загуби само вторпат во последните 158 меча кога воделе на полувреме, но Де Лихт им донесе бод.

- Оглас -

Најнови вести