Тотенхем и Мурињо – звучи чудно, но не и невозможно да се оствари

Сè поголема фрустрација владее во соблекувалната на Тотенхем, а и на трибните. Екипата не игра добро, ниту пак издвојува посакувани резултати, а дебаклот од Баерн Минхен пред два дена од 2-7 ги доведе Петлите во неповолна позиција во каква што не биле веќе неколку години.

Ќе речеме, „англиска работа“ кога ќе прочитаме некоја чудна шпекулација, ама следната иако е таква, не е невозможна да се оствари. Имено, клупата на актуелниот европски вицепрак да ја преземе Специјалниот, Жозе Мурињо. Португалецот е наметнат како прв фаворит од страна на англиските медиуми да го замени Маурисио Покетино.

Аргентинскиот стратег во шестата сезона на кормилото на Тотенхем влезе со големи амбиции знаејќи дека се актуелни континентални вицешампиони, но управата како намерно да му ги занемари. Сега во нив гледаат како брод што полека тоне. Во исчекување на смена на тренерската позиција, само една работа ја спречува управата на Тотенхем и да сака да му врачи отказ на Покетино. Ќе треба да му исплатат 32 милиони фунти како отштета за предвремено прекинување на соработката.

Мурињо е еден од ретките врвни стратези кои во моментов се без ангажман, па токму затоа нему му е доделена фаворитската улога за да раководи со тимот кој некогаш му претставуваше ривал додека беше менаџер на Челзи. Доколку шпекулациите вродат со плод, Мурињо по третпат ќе се врати во Премиер лигата, односно ќе преземе трет клуб, по Челзи и Манчестер јунајтед, од каде што го доби последниот отказ кон крајот на минатата година.

- Оглас -

Најнови вести