Тотенхем и со играч помалку до лесна и убедлива победа во ЛЕ (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем дури 82 минути играа со играч помалку откако Раду Драгушин беше исклучен во осмата минута, но и тоа не ги спречи да дојдат до лесна и убедлива победа од 3-0 над Карабаг на домашен терен.

Само четири минути по црвениот картон, односно во 12-тата минута, Бренан Џонсон го донесе Тотенхем во водство од 1-0. За вториот гол се чекаше сè до 53-тата минута, кога во листата со стрелци се запиша Сенегалецот Папе Матар Сар, додека конечниот резултат го постави Доминик Соланке во 68-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести