Тотенхем и во Дортмунд оди на победа, но се жали на една работа

Треба да ја заборавиме победата од 3-0 од првиот меч, вели тренерот Маурисио Покетино пред реванш-дуелот на Тотенхем против Борусија Дортмунд. Од таа блескава победа на „Вембли“ наваму, Спарс имаат два пораза и реми, додека Борусија има по една победа, нерешено и пораз. Аргентинскиот стручњак предупредува дека нема да биде лесно и вели дека треба да одат на победа.

Тотенхем имаше еден ден помалку за одмор и подготовка бидејќи својот лигашки меч го играше во саботата, а Дортмунд во петокот.

„Треба да играме на победа, не да го браниме резултатот. Ќе биде тешко да се заборави првиот меч, но тоа е нашата цел. Треба да играме агресивно и да почнеме на добро ниво. Чудно е како и пред првиот дуел и сега, Борусија има еден ден плус за подготовка. Ни треба помош од Фудбалската асоцијација и од Премиер лигата. Не знам чија е грешката, никој ништо не зборува за тоа“, вели Покетино, чиј тим има низа од 17 средби во ЛШ на коишто дава гол.

Ниту еден тим во ЛШ не бил елиминиран по победа од 3-0, па Тотенхем не сака да биде првиот малер. Последен тим кој го демолирал Тотенхем во ЛШ беше Реал Мадрид во април 2011 година, со 4-0.

„Веруваме дека може да го направиме невозможното. Ние на нашиот стадион веќе имаме направено неколку подвизи со кои сме испишале историја. Треба да играме до крајните граници на нашите можности ако сакаме да ја оствариме целта и да даваме голови во вистински моменти“, изјави Марко Ројс, капитенот на Борусија, која има само една победа на последните седум меча во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести