Тотенхем го совлада Њукасл со минимални 1-0 на отворањето од 25-тото коло во Премиер лигата. Избраниците на Маурисио Покетино ја остварија 19-тата победа, и натаму се единствениот тим во првенството без нерешен резултат, иако против „чавките“ беа близу до таков исход.
Средбата на „Вембли“ ја реши Сон во 83-тата минута, репрезентативецот на Јужна Кореја се запиша во листата на стрелци веднаш по неговото враќање од обврските во Азискиот Куп.
Со овој триумф „петлите“ се најдоа на втората позиција со 57 бода, еден бод повеќе од Манчестер сити, но „граѓаните“ допрва треба да се соочат со Арсенал (недела, 17:30 часот). Њукасл по две нанижани победи го претрпе 13-от пораз сезонава, па со 24 бода остануваат на 14-тото место.
https://www.dailymotion.com/video/x71q567