Тотенхем израмни рекорд во Премиер лигата

Тотенхем не дозволи кикс и победи со 3:1 на „Вембли“ во дуелот против Лестер. Со оваа победа, лондонскиот тим останува на пет бода зад лидерот Ливерпул, потврдувајќи дека не се предава во трката за титулата.

Давидсон Санчез го отвори резултатот, а со тој погодок Тотенхем израмни еден рекорд во Премиер лигата. Санчез е 147 различен играч во дресот на Тотенхем што постигнал гол во Премиер лигата. Толку различни стрелци има само уште Вест хем.

Во второто полувреме погодија Ериксен и Сон, а Варди го даде почесниот гол за гостите. За Тотенхем ова беше 20 победа сезонава, во 26 меча. Повеќе победи во 26 меча имале само во далечната 1960/61, кога се радувале на 22 средби.

- Оглас -

Најнови вести